Британија предвидува економски прогрес во 2017 година


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Економијата на Велика Британија оваа година ќе порасне за 2 проценти, што е значително повеќе во однос на прогнозираните 1,4 проценти од ноември.

Тоа го изјави британскиот министер за финансии, Филип Хамонд, за време на претставувањето на буџетот за 2017 година.

Таквата прогноза, сепак, е пониска во однос на проекцијата на растот од 2,2 проценти од пред година дена, односно пред одлуката на Британија да излезе од Европската унија (Брегзит), пренесува агенцијата Ројтерс.

Хамонд во обраќањето пред парламентот изјави дека Канцеларијата за буџетска одговорност сега очекува раст од 1,6 проценти во 2018 година во однос на прогнозата од ноември од 1,7 проценти, додека за 2019 и 2020 година предвидува раст од 1,7 и 1,9 проценти, во споредба со претходно прогнозираните 2,1 проценти за двете години.

Во 2021 година, економскиот раст ќе изнесува 2,0 проценти, што одговара на проекцијата од ноември.

Се очекуваше дека британската економија значително ќе забави после Брегзит во јуни минатата година, но потрошувачите продолжија со силанта потрошувачка, помагајќи така економијата да оствари раст од 1,8 проценти во 2016 година, што е побрзо од сите економии во внатрешноста на групата 7, со исклучок на Германија.