Бришење на најголем даночен борч: Албанија бриши 660 милиони долг на бизнис заедницата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Албанската влада ќе му предложи на Парламентот бришење на досега најголем долг во историјата на финансиите на државата, што кон неа го има бизнисот и поединци, на име даноци.

Вкупниот износ што планира да им биде простен изнесува 91 милијарда леки или 660 милиони евра,што претставува шест насто од БДП.

Околу 29,5 милјарди лека се обврски и казни кои се однесуваат во периодот пред 31 јануари 2010 година,кои автоматски целосно се бришат. За периодот од први јануари 2011 до 31 декември 2014 година ќе бидат избришани казните и затезните камати,доколку должниците,било да се бизниси или поединци ,го подмират основниот долг, јавија албански медиуми.

Според Владата ова простување на долгот има за цел да воспостави нови односи со бизнисот,поинакви од претходно и е со целосна поддршка на Меѓународниот монетарен фонд,кој секогаш бил скептик за такви иницијативи.

-Ние одблизу сме работеле со Владата за овој закон и се заснова на најдобрите совети на нашите експерти, изјавила претставничка на мисијата на ММФ во Тирана.