БРАВО МАКЕДОНИЈО: Херојски меч за реми против Исланд!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во неизвесен натпревар полн со пресврти македонската ракометна репрезентација успеа да се избори за саканото реми против Исланд 27:27 кое ќе ни донесе полесен противник во осминафиналето.

Мечот го отворивме одлично, имавме водство од 4:0, голманот Колев конечно се разбрани, но потоа правевме технички грешки по кои Исланѓаните лесно го стопија нашето водство и заводеа со 4:5. Од тој момент, Исланд ја презеде контролата на мечот и на полувреме замина со 13:15.

Во вториот дел, следуваше слична игра, нашата репрезентација се обидуваше со 7 играчи во поле, а тоа често го казнуваше Исланд со брзи голови.

Во 44 минута од мечот, противникот имаше 24:19, но во самиот финиш нашите ’лавови’ направија огромен напор, успеаја да ги задржат Исланѓаните, и на крајот да се изборат за реми, кое ни носи трето место во групата, што ќе значи Норвешка во осминафиналето, односно избегнување на домаќинот Франција.