Брадавци, гради и танги „на тацна“: Храбри модни стилови или парада на невкус во Кан?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Филмскиот фестивал во Кан е еден од најзначајните фестивали од таков калибар на светско ниво, па актерките и старлетите кои се појавуваат на неговиот црвен тепих се трудат да остават што поголем впечаток.

Ева Лонгорија се појави во два различни фустани кои можат да се опишат на ист начин, со еден збор – провокативни. Првиот имаше длабок засек на градите и висок засек на нозете, откривајќи ги заводливите облини на актерката.

Вториот имаше проѕирни панели кои се протегаа долж колковите и од деколтето до папокот.

Сепак, стилот на Ева беше прилично „невин“ во споредба со оној на британската аристократка лејди Викторија Хервеј, која со години на црвениот тепих се нема појавено во нормално издание.

Така и овој пат, 40-годишната старлета, која оваа година во медиумите с најде поради секс во тројка со Мелани Б и нејзиниот сопруг Стивен Белафонте, беше облечена во целосно проѕирен фустан под кој носеше само гаќички со боја на кожа.