Брачен пар ограбен на автопат: Им украле 4.000 евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


С.Ј.(58) и неговата сопруга Б.М.(43) биле пресретнати и насилно застанати од друго возило во кое биле четири маскирани лица, вооружени со огнено оружје, додека се движеле со возило „Рено Клио“ на автопатот од Куманово за Скопје, во село Дељадровци, што било пријавено во полиција синоќа околу 20 часот.

Непознатите лица насилно ги извадиле од нивното возило С.Ј. и Б.М., по што им го одзеле автомобилот и заминале во правец кон Скопје. Според оштетените, во возилото имало околу 4.000 евра.