Брачен пар кој мотивира: Љубовта над сè – се омажи со момче со џуџест раст


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кло Ластед и нејзиниот сопруг Џејмс се исти како и сите други млади брачни парови – уживаат во љубовта и времето кое го поминуваат заедно.

Но, кога се запознале, се соочиле со негативни реакции од семејството на Кло кое сметало дека Џејмс едноставно не е соодветен за неа бидејќи има генетско пореметување кое кај него предизвикало џуџест раст.

Џејмс е роден со дистрофиска дисплазија, ретко генетско пореметување кое предизвикува џуџест раст, иако неговите родители се со нормален природен раст. Тој е висок 110 сантиметри, додека Кло е повисока за 60 сантиметри од него.

Кло отсекогаш барала некој со кој би можела да се замисли во брак и Џејмс ги исполнил сите нејзини очекувања. Најмногу ја привлекло тоа што тој е весела и позитивна личност и со неа секогаш водел разговори кои позитивно влијаеле врз неа.

Џејмс никогаш не верувал дека ќе се вљуби, а камоли дека ќе се венча и кај Кло најмногу го цени тоа што го прифатила таков каков што е и во него гледа човек, а не некој со посебна физичка состојба.

Иако се свесни за можноста и нивните деца да имаат исто генетско пореметување како Џејмс, тоа нив воопшто не ги загрижува.