Божествени нозе и на 64 години: Првата дама на Франција во кратко здолниште на инаугурацијата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако Емануел Макрон беше избран за нов претседател на Франција, добар дел од фокусот на јавното внимание се префрли на неговата сопруга Бриџит Троњо. И не само поради тотално небитниот факт дека е 25 години повозрасна од него, туку и поради тоа што 64-годишната дама и бивша професорка очигледно сака да ги крши правилата.

На денот на изборите ги изнервира конзервативните Французи бидејќи на таков „важен“ ден се појави во фармерки, а изгледа дека Бриџит не бери многу гајле за нивнот мислење кога станува збор за нејзиниот моден избор во различни формални и неформални ситуации.

За денот на инаугурацијата таа се одлучи за кратко здолниште неколку сантиметри над колената, поради кое наиде на многу медиумски сугестии дека таа требало да се одлучи за нешто помалку „ризична“ должина. Дури и Меланија носеше подолго здолниште на инаугурацијата од Трамп, во иста боја како и Французинката, поради што Троњо ја споредуваа со госпоѓа Трамп за модниот избор.