Научна реалност

Бостонски експерти иновираа хируршки лепак кој ги затвора раните за 60 секунди


Тим истражувачи од неколку институции во Бостон развиле ново решение за затворање на раните на телото – со нивно лепење.

Тие го демонстрирале нивниот лепак кој може да се користи за запечатување на засеци без конци или степлери, а кој само се аплицира на раната која потоа фотохемиски ја залекува.

Истражувањето било започнато во 2013, инспирирано од природните квалитетни на влакната еластин – протеинот кој ја дава еластичноста на кожата, белите дробови, и ѕидовите на артериите. Така дошле до тропоеластинот, протеинскиот извор на функционалниот еластин, и ги истражувале неговите регенеративни способности. На крај, со помош на метакрилат (специјален реагенс кој реагира на светлина) и пулсеви UV светлина, ги споиле разните тропоеластински протеини во една мешавина – лепакот наречен MeTro, кој е хидрогел кој создава матрикс на кој што можат да се закачат новите клетки кои го заздравуваат оштетеното ткиво.

MeTro во почетокот бил тестиран врз срцеви клетки, но подоцна и на белите дробови. Истражувачите успеале да генерираат серија од MeTro хидрогелови со различна еластичност и сила, со менување на концентрацијата на тропоеластинот во реагенсот.

Сега, вообичаени техники за затворање на оштетени органи и ткива кои се спојуваат со шиење од страна на хирурзите се степлерите, конците и жиците, со кои рабовите на ткивата се држат споени додека не заздрават. Но, овие процедури се тешки, а некогаш и невозможно во области до кои нема лесен пристап. Tие можат дополнително да ги оштетат кршливите ткива, особено еластичните кои мораат континуирано да се движат, како што се оние задолжени за отчукувањето на срцето или дишењето со помош на белите дробови.

Потенцијалните апликации на MeTro се исклучително корисни – од третирање на сериозни внатрешни повреди на места на несреќа како при сообраќајни незгоди или воени состојби, па до подобрување на болничките хируршки интервенции.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top