Бомбашки напад на станица во Брисел: Застрелан напаѓачот со експлозив околу појасот (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бомбашот кој носел експлозивна направа околу појасот на главната железничка станица во Брисел е ликвидиран. Како што тврдат очевидци, тој извикувал Алах Акбар.

Странските медиуми пренесуваат дека полицијата застрелала маж кој носел експлозив и дека одекнале експлозии на станицата која веднаш била евакуирана.

Се случи инцидент на централната станица. Војниците го неутрализираа лицето кое носеше експлозив околу појасот, рекол портпаролот на полицијата.

Полицијата го евакуирала и главниот плоштад во Брисел и го блокирала реонот околу централната станица.

Портпаролот на противпожарната служба Пјер Меј потврдил дека имало експлозија на централната станица, но не можел да каже што ја предизвикало. Најверојатно експлодирал куфер.

Полицијата соопшти дека засега ситуацијата е под контрола.

Засега нема информации за повредени, но забележани биле возила на Брза помош како се упатуваат кон местото на инцидентот.

Белгија го зголеми нивото на безбедност откако на 22 март минатата година бомбаши самоубијци убија 32 луѓе во бриселското метро и на аеродромот.