БОМБА: Реал прави изненадувачки трансфер во јануари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид спрема изненадувачки трансфер. Според англиските медиуми шпанскиот гигнат ќе се обиде во јануари да го донесе играчот на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата.

Наводно „кралевите“ почнале да ги превземаат првите конкретни чекори за ангажман на Мата, чии договор со Манчестер Јунајтед истекува на крајот на актуелната сезона.

29-годишниот Шпанец останал многу разочаран од одлуката на Жозе Мурињо да го остави надвор од тимот за дербито со Челзи. Притоа, Мата не е задоволен од својот статус и нема одиграно цели 90 минути оваа сезона.

Малкумина знаат дека Мата кариерата ја започна токму во Реал Мадрид, а потоа преминува во Валенсија каде доживеа фудбалска афирмација.

Англиските медиуми пренесуваат дека „Олд Трафорд“ се спремни да ги слушнат понудите за Мата во јануари, а на големо изненадување најсериозен интерес покажува Реал Мадрид.