БОМБА од Шпанија: Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Милан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дефанзивецот на Милан и италијанската репрезентација, Алесио Ромањоли е една од главните трансфер цели на Реал Мадрид за засилување на одбраната, тврдат шпанските медиуми.

Флорентино Перез сека да ја засили и подмлади одбраната, а прв на списокот е токму дефанзивецот на Милан, Алесио Ромањоли.

Раководството на Реал смета дека е подобро да донесе млад и перспективен фудбалер како Ромањоли, отколку веќе афирмиран дефанзивец кој е во зенитот на кариерата.

Ромањоли оваа сезона игра фантастично и се етаблираше како еден од најдобрите стопери во Серија А и во Европа.

Неодамна италијанските медиуми открија дека Милан одбил понуда од Челзи тешка 50 милиони евра за Италијанецот, па останува да видиме како ќе реагираат на понудата од „кралевите“.

„Росонерите“ веќе почнаа преговори за нов договор на 23-годишниот дефанзивец, но Перез нема да жали пари да го донесе Италијанецот на „Сантиаго Бернабеу“.