БОМБА од Апенините: Алегри се враќа во Милано!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанските медиуми денес донесоа неколку шпекулации кога станува збор за тренерите и лансираа една „бомба“.

Имено, „Република“ пренесува дека Милан веќе ја започнал потрагата по тренер за наредната сезона, а тоа би можел да биде Масимилиано Алегри.

Милан готово сигурно ќе направи тренерска промена на крајот на сезоната, а исто може да биде и со Јувентус, особено ако „старата дама“ не ја освои титулата оваа сезона.

Како наследник на Винченцо Монтела, кој е под голем притисок оваа сезона, се споменува Антонио Конте. Тренерот на Челзи е прв избор на „росонерите“, но доколку не успеат во намерата да го донесат на „Сан Сиро“ ќе се насочат кон Алегри.

Алегри има договор со Јувентус до 2020 година, но на крајот на сезоната може да ја напушти „старата дама“. Тој веќе работеше во Милан четири години, па тоа за него би било враќање на „Сан Сиро“.