„Бомба“: Јувентус започна преговори со Симеоне!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми ексклузивно дознаваат дека раководството на Јувентус го сака Диего Симеоне на клупата за следната сезона и веќе оствариле првичен контакт со Аргентинецот.

Веќе е познато дека на крајот на сезоната Јувентус спогодбено ќе се раздели со Алегри, па веќе ја започна потргата по нов тренер.

Прво име на листата на „старата дама“ е Диего Симеоне, а италијанските медиуми тврдат дека двете страни веќе оствариле првичен контакт.

Симеоне веќе неколку години со успех го предводи Атлетико Мадрид, но на крајот на сезоната доколку не освои ниту еден трофеј ќе сака да ја промени средината.

Аргентинецот од секогаш тврдел дека еден ден ќе се врати во Италија, па иако го поврзуваа со Интер сега Јувентус сака да ја икористи ситуацијата и да го донесе Симеоне за предводник веќе следното лето.

„Бјанконерите“ се свесни дека ова е исклучително тешка мисија, но ќе направат се за да го донесат Симеоне во Торино.