БОМБА: Барселона тргнува по својот бивши играч!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона имаше неуспешно лето кога се трансферите во прашање, бидејќи од сите трансфер мети успеа да го доведе само Осман Дембеле.

Особено неуспех Каталонците доживеаа во преговорите за Филипе Кутињо бидејќи Ливерпул ги одби сите нивни понуди.

Сепак, каталонските медиуми пренесуваат Барселона нема да се обиде повторно да го донесе Кутињо, туку силите ќе ги насочи кон својот поранешен фудбалер Тиаго Алкантара кој моментално настапува во Баерн Минхен.

Алкантара е дете на Барселона, но во 2013 година се пресели во Минхен каде се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Европа.

Каталонците сакаат да ја поправат грешката и да го вратат на „Камп Ноу“ уште во јануари, но тоа сигурно нема да биде лесна мисија бидејќи Баерн не сака да се откаже од шпанскиот репрезентативец.