БОМБА: Баерн спремен да го пушти Левандовски во Мадрид


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски би можел да се пресели во Реал Мадрид следното лето, пренесува „Марка“.

Весникот кој е близок до „кралевите“ открива дека раководството на баварскиот гигант е спремно да се раздели со полскиот репрезентативец. Агентот на Левандовски е во постојан контакт со челниците на Реал Мадрид..

Пред неколку месеци 29-годишниот напаѓач јавно ја критикуваше трансфер политиката на Баерн Минхен и призна дека може да ја промени средината.

Левандовски има договор со Баерн до 2021 година, во неговиот договор нема откупна клаузула, но медиумите тврдат дека баварскиот клуб е спремен да го продаде.

Полскиот репрезентативец игра уште една фантастична сезона, па во 30 натпревари за Баерн постигна 25 гола и 1 асистенција.