БОМБА: Асенсио е спремен да го напушти Реал, се сели во…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Реал Мадрид, Марко Асенсио е спремен да го напушти „Сантиаго Бернабеу“ ако не добива поголема минутажа во „кралскиот“ клуб, тврдат англиските медиуми.

Притоа „Дејли Експрес“ го открива и името на новиот клуб и тврди дека Асенсио е спремен Реал Мадрид да го замени со Челзи и да му се придружи на својот пријател Алваро Мората.

21-годишниот Шпанец има договор со „кралскиот“ клуб до 2023 година, па Челзи ќе треба да плати огромна сума доколку сака да го донесе на „Стенфорд Бриџ“.

Оваа сезона Асенсио настапи на 19 натпревари, на кои постигна 7 гола меѓутоа беше стартер на само 10 натпревари.

Тој не е задоволен од својот статус во тимот на Зидан и наводно веќе го известил раководството дека е спремен да го напушти клубот.