Богданов си даде оставка од функцијата агент на Македонија во судот во Стразбур


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Владиниот агент кој ја застапува Македонија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Костадин Богданов, кој е еден од реформаторите на ВМРО ДПМНЕ, поднесе оставка на функцијата. Одлуката е објавена на официјалната страница biroescp.gov.mk.

Богданов е шест години владин агент пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Франција. Тој во јуни 2004 година ја основа адвокатската канцеларија „Богданов и Богданов”. Костадин Богданов е редовен предавач на Академијата за судии и обвинители. Учестувал во работната група за изменување и дополнување на Законот за кривична постапка и работната група за кодификација на граѓанското право.