Богдан „Бетмен“: Не чувствувам одговорност и не ги познавам напаѓачите (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Напаѓачите не ги познавам, бидејќи имаа качулки на главите, освен напаѓачот на пратеничката Радмила Шеќеринска, изјави за Макфакс, Богдан Илиевски, еден од организаторите на протестната иницијатива „За заедничка Македонија“. Тој тврди дека луѓето од иницијативата што влегле во Собранието се мирољубиви и дека не сакале да нападнат никого.

Сепак, на снимките може да се види дека присутните им аплаудираа на напаѓачите со црни качулки кои се симнуваа од скалите во Собранието. Илиевски вели – не чувствувам никаква одговорност за настаните во Собранието. Најави дека викендот немаат планирано никакви активности и дека ќе продолжат со протести од вторник. На прашање на Макфакс, дали се очекува дека може да дојде до слично сценарио и кога ќе се избира Влада, одговори дека за нив таа би била нелегитимна.