Актуелно

Бланко легитимации и печати украдени од Канцеларијата за имиграција во Германија


Германската полиција соопшти дека од Канцеларијата за имиграција биле украдени бланко легитимации, маркици и печати.

Портпаролот на полицијата, Мартин Хелвег, изјави дека бланко документите можат да се искористат за да се направат разни видови германски дозволи.

Според него, крадците во понеделникот наутро провалиле во четири различни простории, го обиле сефот, а подот го покриле со пена за гаснење пожар.

Како што наведе полицијата, документите имаат сериски броеви и автоматски ќе бидат обележани како украдени во текот на проверката на идентитетот.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top