Благороден „моден“ избор: Погледнете чиј лик беше на патиките од Бердих во полуфиналето на Вимблдон


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Чехот Томаш Бердих не успеа да се пласира во финалето на Вимблдон, тој загуби во полуфиналето од Роџер Федерер, но тенискиот свет го воодушеви со својот избор на патики.

Бердих кој во 2010 играше во финалето на Вимблдон и загуби од Рафаел Надал, на своите патики, во кои го играше полуфиналето против Федерер имаше слика од Новак Ѓоковиќ.

Чешкиот тенисер на овој начин му даде подршка на повредениот Ѓоковиќ. Српскиот тенисер му го предаде четвртфиналниот меч на Бердих поради повреда.

Инаку Бердих полуфиналето од Федерер го загуби во три сета 6:7, 6:7, 4:6.