Актуелно

Благодарение на теренците, BMW бележи рекордна продажба


Производителот на луксузни автомобили BMW AG имаше рекордна продажба во 2016 година, со испорака на 5,3 отсто повеќе возила, во однос на претходната година. За зголемување на продажбата допринела линијата возила SUV.

Продажбата пораснала на 2,37 милиони модели на оваа компанија која, покрај марката BMW, има и Mini и Rolls-Royce. Најважните пазари се Кина, каде што продажбата пораснала за 11 отсто и Европа.
Компанијата ја потврди големата побарувачка за спортско-теренски возила (SUV), објавувајќи дека една третина од продадените возила се теренците од серијата X.

Во САД продажбата опадна за 10 отсто заради голема конкурентност на пазарот, соопшти BMW.
Таа компанија продаде 62.000 возила на електричен погон, а има за цел оваа година да продаде 100.000.

И други производители вложија милијарди во развој на возила на електричен погон, но тие сеуште не се масовно барани заради високата цена и ограничениот домет.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top