Бизарна несреќа во тетовско: Камион за ѓубре го згмечил за столб


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Страшна несреќа викендов ја потресе Македонија кога во 16 часот и 15 минути во селото Добри Дол, 52-годишниот Ж.Т. од селото Копанце, собирајќи смет со камион Мерцедес со тетовски регистарски ознаки, враќајќи се наназад го потиснал и нагмечил во столб 59-годишниот С.Ј. од селото Брвеница, тетовско.

Како што информираат од полицијата, пешакот бил пренесен во Медицински центар Тетово, а потоа поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентен центар Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.