Бизарен пекол во Кавадарци: Им го загубиле телото на починатата мајка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Семејството Златеви од Кавадарци, пред две години, не сонувале што ги очекува кога се согласиле да ги донираат бубрезите од 59 годишната Верка која починала ненадејно, од анеуризма. Братотот и сестрата без размислување се согласиле да ги донираат бубрезите, кога биле прашани дали ќе ги донирани органите од нивната мајка, раскажува за НОВА Диме Златев, син на починатата.

Мајка ми имаше клиничка смрт. Во понеделник ми се јави сестра ми и ми кажа дека и се доближила Софијанова и ја прашала дали ќе дозволиме да се донираат два бубрега, за да се спасат два детски животи. се согласивме и се договоривме за погребот да биде утредента, вели за НОВА, Диме Златев, син на починатата.

Златев тврди дека Софијанова им објаснила дека според правилата погребот ќе биде платен од државата и ветила дека телото на неговата мајка ќе биде транспортирано до капелата во Кавадарци. Но, телото на починатата не стигнало на погребот каде биле собрани роднините и пријателите. По долго чекање луѓето си заминале, погребот бил откажан, цвеќето и венците фрлени.

Погребот беше во вторникот и телото не се појави, го изгубиле. Се јавив на Судска медицина ми рекоа дека се заглавило во лифтот. Пријавив во полиција, го најдоа телото во Бутел така фрлено. Беше договорот да ја донесат облечена како што доликува за еден донор, а ја донесоа во бел чаршав искасапена целата. Вечерта дојде Софијанова за да се оправда, вели Диме Златев.

Диме вели по ова институциите си ја префрлале топката едни со други. Горд е што направиле хумано дело и спасиле два живота, но вели дека траумите поради неажурноста на надлежните ќе останат за цел живот.

„Документот каде што потпишавме дека ги донираме бубрезите го нема никаде. Десет пати одев во Скопје за да побарам документ, изнадавав пари во адвокати за да ја истерам работата, да добијам некаква потврда дека донираме органи, но ништо. Тие си ја префрлаа топката едни со други, потоа ветуваа дека ќе ни помогнат, дека ќе не вработат, ништо од сето тоа, тврди Златев.

Доктор Аспазија Софијанова тврди дека случајот немал врска со неа, иако таа е Национален координатор за трансплантација и ги договарала работите. Таа вината ја посочи во Институтот за судска медицина за кои вели дека задоцниле со обдукцијата, па телото не стигнало на погребот. Но негираше дека било изгубено, па најдено во капелата во Бутел.

Прво ме чуди зошто по две години сега се отвора случајот, која е целта. Процедурата е телото да оди на обдукција за да се потврди дека се земени бубрезите, но не е вистина дека се изгубило. На судска медицина имале многу работа и телото задоцни на погребот. Единствено, признавам дека е направена грешка е што не беше облечена,но тоа требало да го сторат во судска медицина, рече Софијанова за НОВА.

Трансплантацијата од починат донор требаше да ги стимулира граѓаните да ги даваат бубрезите од своите блиски. Иако беше донесен законот, трансплантацијата стагнираше изминатите години. Досега се направени само осум кадаверични трансплантции.