Бившиот јавен обвинител Шврговски нов адвокат на Мијалков


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот државен јавен обвинител, Љупчо Шврговски, во иднина ќе го брани поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, во неколкуте случаи кои ги отвори Специјалното јавно обвинителство.

Шврговски за Макфакс потврди дека ќе го замени досегашниот бранител Никола Додевски, но само во предметите кои се водат против поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање.

„Се вклучувам во одбраната, но само во однос на предметите кои што се водат против Мијалков“, вели Шврговски.

Станува збор за случаите Таргет, Тврдина, Трезор и Тортура. Додевски претходно беше повикан да сведочи во случајот Талир, кој се однесува на истрагата за незаконско финансирање на ВМРО ДПМНЕ.