Бившиот грчки министер за финансии Варуфакис: ЕУ ќе продолжи со распад во следните 4 години


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис, по објавените изборни резултати во Германија, предвидува дека Европската Унија ќе продолжи да се распаѓа и во наредните четири години.

Тој оцени дека јакнењето на германските десничарски партии Слободни демократи и Алтернатива за Германија (АфД) ги уништило надежите на лидерите, како францускиот претседател Емануел Макрон, дека Европа може да стане пообединета.

„Пред нас се уште четири години распаѓање на ЕУ. Зголемувањето на популарноста 20 отсто на Слободните демократи и АфД значи само едно нешто: Стратегијата на Макрон за федерација е мртва“, напиша Варуфакис на „Твитер“.