Кога бивша стриптизерка ќе ти го заебе животот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Крис Фоерстер, тренер на NFL екипата Мајами Долфинс, даде отказ на таа позиција откако на интернет осамна снимка на која тој е во кадар како шмрка бел прав. На снимката тој се обраќа кон жената велејќи дека му недостига.

„Хеј драга, ми недостигаш. Мислам на тебе. Одам на некој состанок, а пред него ќе го направам ова“, вели тој, а потоа витка банкнота од 20 долари и шмрка неидентификуван прав.

Не е познато колку е стара снимката, ниту за каков вид на прашок станува збор на масата, но за многумина оставката од Фоестер е доволен доказ дека се работи за нешто недозволено. Извор од клубот потврди дека ситуацијата на видеото се одвива во клубските простории.

„Сè што сега ми треба е помош и поддршка од семејството и лекарите. Ја преземам одговорноста за она што го направив“, порача тој.

A post shared by Starr? (@luvnthahustle) on

Видеото го објави 33-годишната Кијуана Ниге, која тврди дека е негова бивша девојка.

A post shared by Starr? (@luvnthahustle) on

„Не го правам ова често, но денес е ден за натпревар, па ајде малку да зборуваме за тренерските ритуали пред излегување на теренот“, напиша таа на Фејсбук.