Биле пресекси, ќе ги „палеле“ патниците: Политичари сакаат да ги забранат овие униформи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Малезиските воздухопловни компании AirAsia и FireFly се најдоа на удар на двајца политичари од владината партија во таа земја, поради униформите кои ги носат нивните стјуардеси, а за кои политичарите сметаат дека се премногу провокативни.

Датук Абдулах Мат Јасмин во понеделникот во малезискиот парламент изјави дека облеката која ја носат стјуардесите „ги привлекува погледите“ и „може да ги возбуди патниците, особено помладите“, пренесува The New Straits Times. „Малезиското воздухопловно министерство навистина мора да го разгледа ова“, заклучил тој.

A post shared by AirAsia (@airasia) on

Во тоа го поддржал и Датук Мегат Зулкарниан Омардин, уште еден политичар кој смета дека треба да се сменат униформите од стјуардесите.

„Мојата сопруга е загрижена секогаш кога летам со овие компании. Тоа навистина ми е малтретирање“, изјави тој предизвикувајќи смеа кај другите пратеници.

Тој спомена уште една авиокомпанија, Malinda Air, заклучувајќи дека нивните униформи, иако тесни, „се прифатливи бидејќи ги покриваат чувствителните зони“.

A post shared by AirAsia (@airasia) on

Ова не е прв пат во Малезија да се расправа за униформите од стјуардесите. Минатата недела уште еден политичар заклучи дека „луѓето стекнуваат погрешен впечаток за Малезија ако стјуардесите се облечени така секси и предложи шеријатски униформи“.