Музика

Бијонсе 62 милиони, Guns and Roses зад неа – кој колку кеш инкасираше во 2016


Во изминатите 365 дена Бијонсе, според Billboard листата на најплатени пејачи/ки на светот, се наоѓа на тронот од овој престижен попис. Познатата дива ја задржа својата водечка позиција на листата, според која е најплатена музичка ѕвезда во 2016 година, кога успеа на своето конто да инкасира 62 милиони долари.

Минатата година таа ги изненади фановите со албумот Formation како и документарецот Lemonade. Потоа следеше и светска турнеа и импресивни настапи на MTV Music Awards и BET Awards. Во ноември таа пееше и на концертот за Хилари Клинтон како тогашна кандидатка за претеседателка на САД.

Зад Бијонсе, на второ место на најплатени музичари, се Guns and Roses со годишна заработка пд 42,3 милиони долари. На „вицешампионското“ престижно место рокерите се искачија благодарение на нивната минатогодишна светска турнеа.

Брус Спрингстин е трет најплатен според овој попис, со годишна заработка од 42,2 милиони долари. Американскиот рокер, пејач, гитарист и кантавтор минатата година одржа неколку концерти ширум Европа и Америка со придружниот состав E Street. Со минатогодишната турнеа тој одбележа 36 години од објавување на албумот The River.

На четвртото место е Дрејк, кој минатата година заработи 37,3 милиони долари, пред сè благодарение на неговиот четврт албум и мегапопуларниот дует Work со Ријана.

Адел е на петтата позиција со 37 милиони долари годишна заработка, која и понатаму останува најплатена британска пејачка. Колдплеј се петти со 32,3 милиони, Џастин Бибер зад нив со 30,5 милиони, Лук Брајан со 27,3 милиони, Канје Вест со 26,1 милион долари, па Кени Чесни со 25,4, Били Џоел со 23,6 милиони, Ријана со 22,3 и Twenty One Pilots 21,2 милиони долари.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top