Ај не заебавај

Безобразната страна на капитализмот: Еве какви „ѓубриња“ се производителите


Дизајнерите на пакувањата на многу намирници во морето од производи ширум светот, секако, по налог на производителите, прават вистински непријателски и измамнички дизајни на кои муштериите можат лесно да наседнат ако не се внимателни (а некогаш ќе наседнат колку и да се внимателни).

Очигледно вечната конфронтација (а најмалку треба да е тоа) помеѓу потрошувачите и производителите заедно со продавачите е перманентен феномен и економско-производна битка. Купувачите се навикнати на фактот дека производителите на разни производи и намирници редовно се обидуваат да ги измамат, па научиле да не наседнуваат на некои безобразни методи за измама.

Поради тоа, производителите на помош ги викнале дизајнерите на пакувањата, со што измамата многу потешко или речиси воопшто не може да биде откриена. А кога ќе видите дома што сте купиле – веќе е доцна.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top