Актуелно

Со безбол палка застана на говорница во советот на општина Битола!


Иван Чулаковски, независен советник во советот на општина Битола, на говорницата излезе со палка за безбол, а со тоа го изрази своето барање за формирање на безбол клуб.

„По барање на битолчани има многу заинтересирани да се занимаваат со безбол во Битола и побаравме од Комисијата за спорт која предвидува буџет и средства за нови спортски активности и содржини во Битола да се формира и еден безбол клуб кој ќе функционира под надлежност на Општина Битола. Ние како ’Поинаку‘ сме заинтересирани да донираме палки за сите заинтересирани граѓани“, рече независниот советник Иван Чулаковски.

Претседателот на Советот, Валентин Груевски рече дека Општината нема надлежност да формира спортски клубови, но може да ја поддржи нивната активност доколку таков клуб е оформен.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top