Бесна соларна бура се движи од Сонцето кон Земјата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интензивна соларна-геомагнетна бура, која од Сонцето се приближува кон Земјата, денеска и утре може да доведе до нарушувања во електро-мрежите и дистрибутивните системи, јави „Блумберг“.

Облак од наелектризирани честички, настанати од соларна експлозија, се очекува да стигнат до Земјата в среда и в четврток, потенцијално предизвикувајќи геомагнетна бура што може да предизвика проблеми на системите за сателитска навигација. Од бурата, можни се нарушувања во работата на сателитските и комуникациските системи, ГПС технологијата, радарските системи и системите за навигација.

„Далеку сме од интензитет кој претставува ризик“, изјави претставник на американскиот Центар за веселенски-климатски предвидувања, дополнувајќи дека не се очекува да биде предизвикана позначителна материјална штета.

Геоефективноста на соларните и геомагнетните бури може да има влијание на промената на метеоролошките параметри и на формирањето временски прилики.

„Биоритмичката, работната и физичката активност на метеопатите и хиперсензитивните луѓе мора да биде прилагодена на ситуацијата, мора да се следат упатствата и препораките на медицинските лица“, наведуваат експертите.