Беше еден од најдобрите напаѓачи во Серија А – сега мора да оди во затвор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Судот во Палермо го прогласи поранешниот италијански репрезентативец Фабрицио Миколи виновен за изнуда на пари и му изрече затворска казна од три до пет години.

Миколи, кој во 2015 година во Малта ја заврши фудбалската кариера, заедно со пријателот Мауро Лауричели, инаку син на мафијашки бос од Палермо, изнудил 12.000 евра од сопственикот на една локална дискотека и притоа користел насилнички методи.

Споменатиот Лауричели доби помала затворска казна во траење од една година.

Во текот на богатата кариера Фабрицио Миколи одигра 10 натпревари за „аѕурите“ и постигна два гола. Играше за Тернана, Јувентус, Перуџа, Фиорентина, Бенфика, Палермо Лече и Биркиркари.