Берлускони го искритикува Милан и Монтела!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот сопственик и претседател на Милан, Силвио Берлускони за прв пат после продажбата на клубот јавно проговори за ситуацијата во миланскиот гиганти.

Легендарниот „Кавалиере“ без влакна на јазикот јавно ја искритикува трансфер кампањата на новите сопствници како и работата на тренерот Монтела.

„Навистина не ја разбрав трансфер кампањата. Никогаш не сум видел еден клуб да купи 11 нови фудбалери. Тоа е погрешно. Со сите тие пари можеше да се купат двајца или тројца врвни фудбалери“, смета Берлкускони кој потоа го критикуваше Монтела.

„Јас минатата сезона сакав да го задржам Броки на клупата. Меѓутоа, како решение ми беше наметнат Монтела. Милан не игра добро под негово водство, нема препознатлива игра“, заклучи Силвио.

Берлускони исто така смета дека е погрешно што капитенската лента заврши кај Леонардо Бонучи.

„Капитенската лента му беше дадена на фудбалер кој со години беше симбол на Јувентус. Тоа е погрешно, јас никогаш не би направил такво нешто. Капитен требаше да остане Монтоливо“, заклучи Берлускони.