„Бембашите“ на струја веќе се хит: BMW продаде 100.000 електрични автомобили


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Баварскиот автомобилски гигант BMW успеа во својата зацртана цел во 2017 година да продаде 100.000 возила со целосно или делумно електричен погон. Оваа информација ја потврди главниот извршен директор, Харалд Кругер.

Во чест на постигнувањето на зададената цел, седиштето на компанијата во Минхен – фамозната зграда „Четирите цилиндри“ – беше така осветлена да добие изглед на батерии.

„Ние не само што ветувавме, туку и исполнуваме“, рече Кругер. „100 илјади продадени електрични возила за една година се важна пресвртница и покрај се, тоа е само почеток за нас“.

Откако компанијата го претстави својот прв чист електромобил – BMW i3 во 2013 година, баварците испорачале 200.000 автомобили со електричен погон, а во 2025 година планираат да имаат 25 слични модели во својата палета.

За идните нови електрични линии компанијата отсега ги патентирала имињата од i1 до i9 и од iX1 до iX9.

Според податоците на POLK, оваа година BMW е категоричен лидер во Европа во областа на „плаг-ин“ хибриди, со приближно 21% пазарен удел. Најсилна е побарувачката во Скандинавија, каде најпродаван модел на BMW воопшто е токму i3, а една четвртина од испорачаните автомобили од компанијата се електрични или „плаг-ин“ хибриди.