Музика

Белградските фраери С.А.Р.С. со нов спот за „Твој човек“ – слушајте и уживајте


Белградскиот музички состав С.А.Р.С. одлучи да ги израдува и почести своите фанови со нов спот за песната „Твој човек“, од актуелниот Poslednji Album кој го издаде Lampshade media во мај, оваа година.

Спотот е во продукција и режија на студиото Maska photography and Visual Art од Белград. За камерата беа задолжени Синиша Гавриќ и Кристина Лукиќ, а на монтажата работеше Анџела Вујиќ, додека како модели во спотот се појавуваат Марина Нинковиќ и Девијан Блек.

Текстот е направен во соработка со веќе проверениот соработник Тадиј Димитријевиќ.

Poslednji album можете бесплатно да го преслушате на Deezer.


Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top