Бејл го напушта Реал – бира меѓу овие клубови!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Герет Бејл позади себе има тешка сезона, со голем број повреди кои влијаеа на неговиот континуитет, па Флорентино Перезе сериозно ја разгледува можноста да го продаде ова лето, пренесуваат шпанските медиуми.

Бејл на маса има понуди од четири европски гиганти кои би можеле да ги исполнат неговите финансиски услови и Велшанецот наводно веќе му порачал на својот агент да ја разгледува опцијата за промена на средината.

Прв избор е секако Манчестер Јунајтед кој за Бејл нудеше 100 милиони евра и во 2013 година, но Тотенхем сепак се одлучи да го продаде во Реал Мадрид. Жозе Мурињо и сега е спремен да ја плати таа сума, но треба да се избори со конкуренцијата.

Челзи исто така е силно заинтересиран за Велшанецот, особено ако Еден Азар се одлучи да направи трансфер во Реал Мадрид, а останатите два клуба кои се спремни да платат толкава сума за Бејл се ПСЖ и Баерн Минхен.

Велшанецот најдобрата сезона во кариерата ја имаше токму под водство на Карло Анчелоти, па доколку не се врати во Премиер лигата, Минхен е сериозна опција за него.

Цената на Бејл во моментов изнесува околу 100 милиони евра, Реал е спремен да го продаде, а останува да видиме кој ќе биде изборот на фудбалерот – Манчестер, Лондон, Париз или Минхен?