Барселона во шок: Дали е можно ова да не е црвен картон за голманот на Реал!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Почетокот на натпреварот Реал Мадрид – Депортиво го одбележи една интересна ситуација и неверојатна судиска одлука пред голот на домаќините.

Фудбалерот на Бетис, Дарко Брашанац после одличното проигрување тргна сам према голот на Реал, но голманот Кејлор Навас го фаулираше на дваесетина метри од својот гол.

И кога сите помислија дека Реал ќе го продолжи натпреварот со играч помалку бидејќи Навас фаулираше надвор од шеснаесетникот, судијата не досуди ни прекршок.

Ваквата одлука ги шокира сите во Барселона бидејќи Каталонците во последните месеци тврдат дека Реал има голема помош од судиите во Примера, па социјалните мрежи буквално експлодираа.