Барселона се откажа од Кутињо, сега го сака Мане!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сагата за трансферот на Филипе Кутињо од Ливерпул во Барселона раеше долго, а на крајот заврши така што „црвените“ ги одбија сите понуди за својата ѕвезда.

Денес англиските медиуми пренесуваат дека Каталонците се откажале од Кутињо и се насочиле кон другата ѕвезда на Ливерпул, Садио Мане.

Мане блеска од почетокот на сезоната и е најважниот фудбалер во тимот на Клоп, а покрај Барса за него се интересираат уште Реал Мадрид и Јувентус.

Овој 25-годишен Сенегалец стигна на „Енфилд“ пред две години од Саутемптон и неговата цена вртоглаво порасна во последно време.

Клоп успеа да го задржи Кутињо ова лето, а дали ќе успее да го задржи и Мане, останува да видиме.