Барселона ќе ги погази своите принципи поради платата на ОВОЈ човек


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лео Меси се уште нема потпишано нов договор со Барселона, но кога ќе го стори тоа ќе добие најголем бонус во историјата на фудбалот.

Имено, со самиот потпис Меси ќе добие и награда за лојалоност која во неговиот случај ќе изнесува неверојатни 85 милини евра.

Барселона со новиот договор на Меси на плати за фудбалерите ќе издвојува 84% од приходите, а финансиските директори предупредуваат дека тоа е неиздржливо.

Поради тоа Каталонците се приморани да ги зголемат своите приходи, а една од опциите е новиот договор со „Најк“. Се надеваат дека оваа компанија ќе вложи повеќе пари и дека соработката ќе биде продолжена на 10 години, но и тоа не е доволно.

Шпанските медиуми тврдат дека Барса размислува да го продаде името на својот стадион. Компанијата „Van Wagner“ наводно веќе е задоволжена да најде спонзор за „Камп Ноу“ кој во наредните 15 години ќе плати околу 200 милиони евра.

Барселона тие пари ќе ги употреби на новиот договор на Меси, кој веќе е спремен и чека само на потпис.