Спорт

Барса во Париз најде „идеален“ лев бек


Барселона веќе подолго време е во потрага по квалитетен лев бек, а според информациите на каталонски „Спорт“, прва мета е Левин Курзава од Пари Сент Жермен.

Кузава не е задоволен од моменталниот статус во францускиот клуб, односно минутажата која му ја дава Унаи Емери, па Барселона сака да ја искористи таквата ситуација.

Неодамна Курзава го промени менаџерот и следното лето сака да го напушти Париз, а Барселона за него би била остварување на сонот.

Наводно неговиот менаџер веќе стапил во контакт со Каталонците, но проблем можат да бидат лошите односи кои Барселона ги има со ПСЖ, па двата клуба сигурно нема лесно да стигнат до договор.

Курзава има договор со „светците“ до 2020 година, а неговата цена на трансфер пазарот моментално изнесува 25 милиони евра.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top