Спорт

Барса потврди: Доживотен договор за Меси


Извршниот директор на Барселона, Оскар Грау, потврди дека каталонскиот гигант на Лионел Меси ќе му понуди доживотен договор.

Аргентинскиот „волшебник„ пред неколку месеци постигна договор за потпишување на новиот четиригодишен договор, но се уште не го потпишал.

Грау на годишниот состанок на клупските челници истакна дека на Меси ќе му биде понуден сличен договор каков што минатиот месец потпиша Андрес Иниеста.

„Меси потпиша четиригодишен договор во јуни годинава, но клубот ќе му понуди да потпише доживотен договор“, изјави Грау.

„Замислата е Лео, кој тука дојде како дете, да остане во Барселона до крајот на животот, бидејќи е клупска икона. Откако ќе ја заврши кариерата сакаме да остане поврзан со клубот“, додаде Грау.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top