Барса ја заврши потрагата: ОВА е наследникот на Иниеста (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Одличните игри во дресот на Гремио го натераа селекторот на Бразил, Тите да го повика Артуро Енрике Рамос, еден од најдобрите поединци во бразилскиот шампионат.

Овој 21-годишен плејмејкер е еден од најзаслужните што неговиот Гремио се бори за титулата во Копа Ливертадорес, каде во финалето ќе игра против Ланус.

Скаутите на Барселона го следат веќе подолго време, а особено го потцртаа неговото име кога на мечот против Гуериња немаше ниту еден погрешен пас во целиот натпревар.

Тој е профил на играч кој одлично би се вклопил на „Камп Ноу“, одличен техничар, има фантастичен преглед на играта, па многумина во него гледаат идеален наследник на Андрес Иниеста.

Иниеста е на залез на кариерата, па Каталонците интензивно бараат негова замена, а шпанските медиуми тврдат дека тоа може да биде токму Артур. За него се заинтересирани и други европски гиганти како Атлетико Мадрид, ПСЖ и Челзи.