Барса има ново засилување – фановите разочарани


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесува каталонски „Спорт“, Барселона има ново засилување кое пристигнува од Бразил.

Имено, Барселона сака да ја засили одбраната и наводно веќе го договорила трансферот на колумбискиот дефанзивец Јери Мина од Палмеирас.

За него Каталонците ќе платат 9 милиони евра, меѓутоа Мина до јануари ќе остане во Бразил, а потоа ќе се пресели во Барселона.

Мина важи за еден од најталентираните дефанзивци во Јужна Америка. Со Палмеирас минатата сезона ја освои титулата во Бразил и беше сврстен во идеалниот тим на бразилското првенство.

Веќе стана дел и од колумбиската репрезентација за која до сега одигра девет натпревари.