Бараж за СП: Италија против Шведска, Хрватска ја доби Грција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес во седиштето на ФИФА, Цирих беше одржан жребот за баражните двојки за Светското првенство во Русија.

Најинетресен сигурно ќе биде дуелот помеѓу Шведска и Италија, како и балканскиот дуел помеѓу Хрватска и Грција. Северна Ирска ќе игра против Швајцарија, додека Данска за противник ја доби Република Ирска.

Првите натпревари ќе се одиграат во периодот од 9 до 11 ноември, а реваншите на програмата ќе бидат од 12 до 14 ноември.

Бараж за СП:
Северна Ирска – Швајцарија
Хрватска – Грција
Данска – Р. Ирска
Шведска – Италија