Бара 150 милиони долари оштета од популарниот медиум поради навреда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првата дама на САД, Меланија Трамп, повторно поднесе тужба против Daily Mail поради претходно напишаните тврдења дека работела како ескорт дама. Адвокатите од сопругата на претседателот на САД овој пат тужбата ја поднесоа во Њујорк.

Како што пренесува The Guardian, Меланија Трамп пред тоа поднесе тужба против Mail Media Inc во Мериленд, но судијата пресуди дека Мериленд не е местото каде што треба да биде поднесена тужбата. После тоа, Меланија поднесе тужба во Њујорк, барајќи обештетување во износ од најмалку 150 милиони долари.

Нејзините адвокати наведоа дека пдвата дама имала многу прилики во животот за заработка на пари, при што посебно наведуваат дека се занимавала со професионален моделинг, односи со јавност и дека иницирала неколку брендирани производи од кои секој заработил повеќе од милион долари.

Адвокатскиот тим ги прецизираше дури и категориите на производи кои ги иницирала Меланија, наведувајќи дека станува збор за облека, прибор, накит, козметика, парфеми и средства за нега на коса.