Банките кои поради Брегзит ќе се преселат од Лондон ќе вадат нови дозволи


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Банките, кои поради Брегзит сакаат да го преселат своето работење од Лондон во друга членка на Европската унија, мора брзо да аплицираат за добивање на нова дозвола, соопшти Европската централна банка.

ЕЦБ и централните банки на 19те членки на еврозоната, барањата за издавање на лиценци ќе ги обработуваат по принципот прв дојден прв услужен, а целата постапка, како што е соопштено, ќе трае помеѓу шест месеци и законски пропишаниот рок од една година.

Британската премиерка, Тереза Меј, на крајот на март ја покрена двегодишната процедура за излез на Велика Британија од ЕУ, поради која банките во Лондон можат да го изгубат passporting правото да продаваат услуги на клиентите во континеталниот дел на Европа.