Балканот во тага: Почина легендата Глоговац!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Српскиот актер Небојша Глоговац почина утринава на 48-годишна возраст, јавија српските медиуми.

Тој веќе извесно време боледувал од канцер на белите дробови. Пред десет дена итно е примен на Институтот за онкологија во Белград. . Тогаш српските медиуми објавија дека Глоговац е тешко болен и дека неговата здравствена состојба е критична.

По завршување на средно училиште, се запишал на студии по психологија на Филозофскиот факултет, а по две гдини се предомислил и се запишал на Факултетот за драмски уметности во Белград. Глоговац првата улога ја остварил во серијата „Подобар живот“, објави „РТС“.

Прв филм во кој се појавил е „Вуковар, една приказна“. Првата главна улога ја остварил во филмот „Убиство со предумисла“. Потоа се ределе главни улоги во „До коска“, „Буре барут“, а голема популарност стекна со улогата во серијата „Семејно богатство“.