Бака се наслади со отказот на Монтела (фото)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Милан денес му врачи отаказ на тренерот Винченцо Монтела после серијата на лоши резултати!

Утре на пресконференција за нов тренер на „росонерите“ ќе биде назначен актуелниот тренер на младинците и легенда на клубот Џенаро Гатузо.

Поголем дел од фановите го „прославија“ отказот на Монтела, а меѓи нив и екс играчот на Милан, Карлос Бака.

Бака ова лето беше „пречкртан“ од страна на Монтела и испратен на позајмица во Виљареал. Колумбиецот не пропушти шанса да се наслади на отказот на „Авиончето“ и веднаш се огаси на Твитер.

„Можеби закаснато, но Бог не заборава“, напиша Бака и даде аплауз за отказот.