Баерн повторно ја сака ѕвездата на Борусија!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Баерн Минхен би можел повторно да ја „украде“ младата ѕвезда на најголемиот ривал Борусија Дортмунд, и се силно заинтересирани за Јулијан Вајгл.

Како што пренесуваат германските медиуми Анчелоти го сака 21-годишниот Германец, а Баварците се спремни да платат 45 милиони евра за да го донесат на „Алијанц Арена“.

Анчелоти во Вајгл гледа идеална замена за Чаби Алонсо, кој на крајот на сезоната ќе се пензионира.

Доколку се реализира овој трансфер Вајгл ќе биде четвртиот играч во исто толку години кој дресот на „милионерите“ го заминил со оној на Баерн Минхен. Претходно тоа го направија, Марио Геце, Роберт Левандовски и Матс Хумелс.

Младиот играч за врска пред само неколку месеци го продолжи договорот, но прашање е дали Борусија ќе може да го задржи бидејќи за него покрај Баерн силен интерес покажуваат уште Реал Мадрид, Ливерпул и Манчестер Сити.