Азар предизвика „земјотрес“ со една изјава: Дали го откри следниот клуб?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Најголемата ѕвезда на Челзи, Еден Азар откри дека Зинедин Зидан е еден од неговите идоли во фудбалот и за него би било остварување на сонот да работи под негово раководство.

Оваа изјава крена голема прашина и ги налути навивачите на Челзи, особено поради фактот што Азар често се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.

„Сите знаат дека многу го почитував Зидан како играч, но истото важи за него и како тренер. Тој беше мојот идол, Не знам што ќе се случи со мојата кариера во иднина, но со сигурност би било остварување на сонот да играм под негово раководство“, изјави Азар.

„Уживам во животот во Челзи. Има уште многу нешта кои сакам да ги постигнам со овој тим. Ми се допаѓаше исто така и работата со Мурињо. Ибаво беше да го сретнам и како противник, но би бил задоволен ако повторно работиме заедно во иднина“, додаде Белгиецот.